27
Фев

Најновиот производ во палетата на Гама Дизајн

Палетните рамки (палетни страници) се најновиот производ во палетата на Гама Дизајн. Ги слушаме потребите на нашите лојални партнери и притоа ги следиме во растот.  Гама Дизајн се труди да ви понуди сé што ви треба од дрвена амбалажа, со што вие ќе заштедите и време и главоболки.

Палетните рамки се производи кои се користат сé почесто, но се тешко достапни. Изработени се од сув термички третиран материјал произведен од меко дрво (бор или чам), со што користат за повеќекратна употреба. 

Палетните рамки се може да се произведат на повеќе начини, но најчести се следниве две: со една цела даска од 20 см или со две даски од по 10 см. Ќошињата се споени со метални елементи, а ова ја осигурува цвртстината. Сепак, првичната намена на палетните рамки им е да се вклопат една во друга и притоа да може да се редат една над друга по желба и потреба на корисникот, во зависност од намената.

Димензиите се најчесто 1200х800 см, со цел да одговараат и да се наддаваат на оригиналните евро палети. Но, Гама Дизајн има и палетни рамки за помали (600х800 см) или поголеми палети (1200х1000 см).

Сите палетни рамки се третирани според сите стандарди и со сите сертификати и можат да се испорачуваат низ цел свет. Сертифицирани се со жиг за Термички Третирани (Heat Treated) со печат ISPM15.

Покрај палетни рамки (страници), Гама Дизајн е главен дистрибутер на НОВИ Евро палети (EUR/UIC/EPAL) и врши директна достава до вашите фабрики. Сите дрвени Евро палети се третирани и сертифицирани според сите стандарди и имаат жиг за термички третирани (ISPM15). 

Во Гама Дизајн во секој момент има залиха од двата светски признаени типови: EUR/UIC и EPAL.

Она по што сме препознатливи и најдобри во Македонија е изработката на дрвени боксови и транспортни сандуци во било кои димензии прилагодени за нашите партнери.
Со just-in-time delivery и квалитет по сите сите стандарди, Гама Дизајн ви овозможува да испорачувате низ цел свет и одржува коректен партнерски однос. Сите боксови и сандуци се изработуваат од термички третирана дрвена граѓа од бор или чам.

Најдоминантен производ во целото производство, со дневни количини од околу 1000 палети, е еднократна дрвена палета (one way, custom pallet), со димензии 1200х800 см. Палетата се прилагодува според очекувањата на нашите долготрајни партнери, по нивна спецификација и со цел да го носи нивниот товар. Се разбира, сé ова доаѓа со прифатлива цена која се вклопува во сите калкулации.

Нарачајте веднаш и дозволете да понесеме дел од вашиот товар.
Ве очекуваме!

Share This Post
This site is registered on wpml.org as a development site.