1
Сигурност без сезона
Работиме 365 дена во годината. Без застои и без прекини на вашата линија. Кога и да имате главоболка – тука сме да помогнеме!
2
Се на едно место
Од оригинални EUR/EPAL палети до сандаци по мерка од дрво / шпер / OSB – производство и трговија на едно место. Без жонглирање со повеќе добавувачи.
3
Спремни за извоз
ISPM-15 / HT сертификат (MK000031) и долгогодишно искуство со мултинационални компании – вашите производи ја минуваат секоја граница без проблем.
4
Долгогодишен стабилен партнер
Искуство и традиција над 22 години. Партнер од доверба на најголемите компании во регионот!
Над 20 години работиме рамо до рамо со македонски и регионални компании од различни сектори. Знаеме како се пакува, како се вози и што бара секоја индустрија.
Вентилирани палети и сандаци за откуп, чување и извоз на свежи производи.
Зајакнати палети и А‑рамки за безбеден транспорт на тешки плочи и блокови.
Дрвени сандаци по мерка за резервни делови и комплетни машини за извоз.
ISPM‑15 сертифицирана амбалажа за храна, пиво и безалкохолни производи.
Вентилирани палети и сандаци за откуп, чување и извоз на свежи производи.
Зајакнати палети и А‑рамки за безбеден транспорт на тешки плочи и блокови.
Дрвени сандаци по мерка за резервни делови и комплетни машини за извоз.
ISPM‑15 сертифицирана амбалажа за храна, пиво и безалкохолни производи.
• Палети по мерка и еднократни (one-way) – за секаков товар и димензија.
• Земјоделски и индустриски палети – издржливи, за берба, складирање и транспорт.
•Оригинални EUR/EPAL палети – нови, сертифицирани, со оригинален печат.
• Дрвени сандаци и кутии (шпер + OSB) – за индустриска и автомобилска амбалажа, вклучително за извоз.
• Амбалажа по мерка за специфични производи – димензии и материјал според вашите потреби.
• Надградби за палети (collars)- за безбедно складирање и транспорт.
• Греди, дрвени елементи и подметачи – на парче или во серија.
• Шпер плоча, OSB и градежна оплата – на залиха, со брза испорака.
• Шајќи (коилирани) за пневматски пиштоли и автоматски линии
Амбалажа по мерка за вашиот производ. Совршено вклопување, без компромис.
Нема потреба да чувате залиха. Испорачуваме точно на време, со сопствен транспорт.
Кога ќе се појави итна ситуација, ја решаваме веднаш – не дозволуваме вашите планови да страдаат.
Работиме без зимски застој. Кога ви требаме, тука сме.
Едно кратко видео ве води низ нашата фабрика во Струмица – од приемот на дрвото, преку производството и склопувањето, до контрола и испораката.
Станете дел од нашиот тим. За сите позиции обратете се на:
Бараме возач за достава на палети и дрвена амбалажа до клиенти во земјата и регионот. Потребна возачка дозвола за категорија Ц и искуство во возење товарни возила.
Бараме шумарски инженер, кој ќе може да се посвети на унапредување на процесите, продуктивноста и квалитетот. Предност имаат кандидатите со искуство.
Најголем дистрибутер за НОВИ EPAL / EUR сертифицирани палети.
Третирана дрвена амбалажа за извоз — задолжителна за извоз надвор од ЕУ.
Како успеавме брзо да го прилагодиме и десеткратно да го зголемиме дневното производство на специфични дрвени боксови за глобален лидер во авто-индустријата, задоволувајќи ги строгите JIT (Just-in-Time) стандарди.
Прочитај го целиот проект →
Како успеавме брзо да го прилагодиме и десеткратно да го зголемиме дневното производство на специфични дрвени боксови за глобален лидер во авто-индустријата, задоволувајќи ги строгите JIT (Just-in-Time) стандарди.
Прочитај го целиот проект →




Откупуваме EUR/EPAL палети, еднократни палети и нестандардни димензии — оштетени или исправни. Со нашата програма за откуп ги вративте во функција, а Вие добивате простор и приход од нешто што инаку би било отпад.
Нашиот претходен добавувач направи грешка во испораката, па одлучивме да го раскинеме тој договор и да почнеме да работиме со Гама. Откако се префрливме, главоболките ни се намалија и повеќе не треба да се грижиме за секој детаљ. Процесот на производство на дрвени кутии тече непречено, а ние не треба да го следиме секој чекор. Знаеме дека испораките се секогаш навреме, квалитетот е конзистентен и можеме да се потпреме на нив во секој момент.
Партнерството со Гама Дизајн е одлично искуство. Нивната 20-годишна експертиза е видлива во квалитетот на нивните производи и ефикасноста на услугата. Ја цениме нивната посветеност кон нас и силната врска што ја изградивме низ годините. Силно ги препорачуваме за секој бизнис кој бара висококвалитетни, одржливи решенија за пакување.
Гама Дизајн со години е наш партнер и секогаш нѐ импресионираат. Нивното искуство во последните две децении се гледа од квалитетот на производите и професионалноста на тимот. Гледаме како инвестираат во нови технологии и ги подобруваат процесите. Несомнено се еден од најсигурните добавувачи со кои сме работеле. Исклучителна услуга и врвен квалитет!
Со Гама Дизајн имаме успешна соработка. Квалитетот на производите е без забелешки и на ниво. Роковите за испорака се секогаш запазени и ни излегуваат во пресрет на наше барање за итни нарачки. Цената е конзистентна и фер. На кратко, Гама Дизајн е сигурен партнер во секоја смисла на зборот.
Опишете го вашиот товар — ние предлагаме најдоброто решение во рок од 24 часа.
Изработуваме палети по мерка и еднократни палети, дрвени сандаци и кутии за индустриска и автомобилска амбалажа, земјоделски палети, како и дрвени елементи, греди и подметачи. Работиме и стандардни и целосно прилагодени решенија според вашите производи.
Да – тоа ни е специјалност. Дизајнираме димензии, материјал и носивост според вашата роба, од еднократни сандаци до серии за редовно снабдување.
Зависи од производот и количината, но брзината ни е силна страна – имаме капацитет, залиха на материјал, суровини и сопствен транспорт. За итни потреби, јавете се; за редовни партнери излегуваме во пресрет и со рок од само неколку дена.
Работиме и со мали и со големи серии. Немаме строг минимум – кажете ни што ви треба и ќе предложиме најдобра варијанта.
Да, 365 дена во годината. За разлика од сезонските, кај нас нема зимски застој – кога ви требаме, тука сме.
Да. Имаме сопствен транспорт за домашни испораки и редовно извезуваме. Нашата амбалажа е ISPM-15 сертифицирана, што значи дека патува низ границите без пречки.
ISPM-15 е меѓународен стандард за дрвена амбалажа наменета за извоз – дрвото се третира термички (HT) за да се спречат штетници. Без овој третман, стоката не смее да помине низ многу граници. Нашиот сертификат е MK000031.
Наједноставно е да побарате бесплатна анализа на тоа што ви треба – ќе погледнеме какви се производите и ќе предложиме решение. Потоа добивате понуда, без обврска.
Да. Покрај ISPM-15 третманот, обезбедуваме и придружна документација потребна за извоз, вклучително сертификати за потекло каде што е применливо.
Квалитетна дрвена граѓа од проверени извори. Дрвените трупци ги набавуваме од Македонски Шуми, кои имаат FSC сертификат (Forest Stewardship Council). Токму широката база на извори на дрво ни овозможува да држиме и квалитет и рокови дури и при големи количини.
Веќе сме доверлив партнер на компании од автомобилската, фармацевтската, металната и прехранбената индустрија, најголем број мултинационални фирми со висок стандард. Сите поголеми извозници се наши долгогодишни партнери.
Гама Дизајн е лидер компанија за производство и трговија на дрвени палети, боксови, транспортни сандуци, палетни страници и секаков вид дрвена амбалажа. Присутни во Македонија повеќе од 22 години!
Сабота 10:00 до 16:00
Copyright © 2026 Сите права се задржани. Изработено од Eon Marketing