29
Јан

Каква палета ви треба за вашиот товар?

Кога имате потреба од транспорт на производи, било да се занимавате со производство или трговија, изборот на дрвени палети прави голема разлика. За да немате дилеми или потешкотии при справување со дрвените палети, спремивме водич за полесен избор на тип на палети.

 

Во овој опфатен водич, се фокусираме на нашите најпродавани дрвени палети, ќе наведеме по некои детали за секоја од нив и ќе објасниме зошто треба да се одлучите за една или друга палета.

 

Изборот на палета е многу важен, затоа треба да се потрудите добро да се информирате пред да донесете одлука за купување, за да може да бидете сигурни дека го добивате најдоброто за вашиот производ, со најдобра цена.

 

Каква дрвена палета ви треба за вашиот товар?

 

Гама Дизајн специјализира за производство и продажба на дрвени палети за различни потреби во логистиката и при транспортот. Нашето 20 години искуство помага да можеме лесно да препознаваме и предлагаме која палета е идеална за кој клиент за неговите специфични потреби. Важно е да се осигураме дека клиентот добива најдобар квалитет, за најдобра цена, со брза испорака и достава.

 

Во продолжение подетално објаснуваме за два типа најпопуларни дрвени палети:

 

ЕУР/ЕПАЛ палети

 

Ако пребарате на интернет за палети, најпрво и најмногу се појавуваат ЕУР/ЕПАЛ (EUR/EPAL/UIC) палетите. Овие производи се симбол за стандардизиран квалитет. ЕУР/ЕПАЛ палетите се темел во секторот на логистиката и неопходен ресурс за многу компании ширум светот. 

 

Дневно од овој тип на дрвени палети циркулираат од 450 до 500 милиони единици, со што се истакнува нивната достапност, квалитет и популарност. Тие се придржуваат кон стандардните спецификации поставени од Европската асоцијација на палети со димензии од 80х120 цм. ЕУР/ЕПАЛ палетите доаѓаат со неспоредлива структурна цврстина и безбедно може да издржат товар од 1500 кг, со дополнителен капацитет од издржување на дополнителна тежина од околу 4 тони кога се наредени една врз друга.

 

Овие палети со димензија 100х800 цм, се најдобриот избор за извоз бидејќи се високо квалитетни и се придржуваат кон интернационалните стандарди. Гама Дизајн е официјален застапник и овластен продавач на нови и лиценцирани EUR/EPAL/UIC палети за Македонија. Достапни сме за сите ваши прашања и потреби.

 

Еднократни (Неповратни) палети

 

Доколку не ви треба евро палета, или епал палета, со конкретните димензии и карактеристики, одобрени со интернационални стандарди, тогаш може да заштедите со користење на третирани дрвени палети, во апсолутно било кои димензии, со најдобар квалитет и однос на цена за квалитет, нови и со печат и сертификат. За ситуации каде цената е приоритет, или се за поблиски релации, нема наведени условии спецификации, еднократните палети се флексибилно и прилагодливо решение бидејќи може да се изработат во било кои димензии и дебелина и да носат било кој товар што вам ви е потребен. Ова ги прави идеални за секакви  примени.

 

И покрај нејзиното име, сепак оваа еднократна палета (палета за во еден правец) не е ограничена на една употреба. Можете да ја употребувате повеќе пати и со тоа расте нејзината вредност како инвестиција или трошок. Надополнета со сертификатот за НТ (Топлинска Обработка),  оваа палета ги исполнува интернационалните стандарди и може да се користи за различни врсти на транспорт и товар, било каде во светот. Со тоа што треба да биде прилагодена за вашиот произод за да може да патува на подолги дестинации.

 

За да бидете во сигурни раце, да не морате да размислувате и калкулирате која опција е најдобра, изберете соработка со Гама Дизајн. Ние знаеме што треба и како треба. Лиценцата за Heat Treated HT (топлинска обработка) која ја има Гама Дизајн е со број #000031 и произведуваме 500 до 1000 дрвени палети дневно.
Во секое време сме тука за вас, спремни да понесеме дел од вашиот товар!

Партнер од доверба!

 

Имате прашања? – Ве очекуваме!

 

Веќе 20 години Гама Дизајн инвестира и се доусовршува во полето на дрвната индустрија. Ја разбираме тежината и вашите предизвици. Тука сме да бидеме ваш доверлив партнер и  нудиме решенија за најразлични намени во делот со палети, дрвени боксови, транспортни сандуци и друга дрвена амбалажа.

 

Изберете мудро. Дозволете да ви ги заштедиме вашите идни главоболки!

Share This Post
This site is registered on wpml.org as a development site.