Според една неодамнешна студија направена во Австралија, јаглеродниот отпечаток на дрвена палета после 100 патувања е 144 kg CO2-e.
Иако ова може да изгледа како надуена фигура, истражувачите открија дека пластичните палети испуштаат 50% повеќе емисии за истите 100 патувања.
Но, кога станува збор за влијанието врз животната средина и одржливоста, ова е само почетокот.
Дали сакате да откриете како инвестирањето во одржливост може да ви помогне и вам и на планетата?
Продолжете да читате!
Кое е влијанието на дрвените палети врз животната средина?
Дрвените палети играат клучна улога во глобалната логистика и во голема мера придонесуваат за благосостојбата на планетата. Според Европската асоцијација за палети (EPAL) и потврдувајќи ги изјавите дадени во студијата спомената погоре, дрвните палети целосно ги поддржуваат целите за одржливост и функционалната кружна економија.
Иако постојат милион и еден начин да ѝ помогнеме на животната средина, може да почнете со еден и да ги замените другите материјали во логистиката со дрво.
Некои луѓе сè уште мислат дека употребата на дрвени палети придонесува кон уништувањето на шумите. Со тоа, тие веднаш ја отфрлаат оваа опција. Се разбира, дрвените палети ги користат природните ресурси, но има огромен број начини да се намали ова влијание.
На пример, многу компании користат само дрвја од парцели посебно посадени за таа потреба, а не директно од шумите. Или, производителите го обучуваат персоналот за рециклирање и обновување на дрвените палети, со што палетите имаат повеќекратна употреба и продолжен животен век.
Времињата се менуваат, но индустријата за дрвени палети нема да заостане.
Дали дрвените палети се лоши за животната средина?
Во суштина, не.
Но, кога неодговорни производители и добавувачи добиваат одржливи дрвени палети, тие пак можат да ги користат на нееколошки начин.
Па, како да се справите со ова?
Работете со одговорни производители
Ако вашиот бизнис ја цени одржливоста и сака да го стопира уништувањето на шумите, истражувајте пред да изберете производител. Пред да ставите пенкало на хартија, прашајте како производителот ги гледа проблемите со одржливоста и дали има воспоставено некаков цикличен процес.
На пример, добар производител/добавувач нема да придонесе кон уништување на шумите, ќе ја минимизира штетата на шумските екосистеми и ќе набавува дрво од посебни парцели.
Во кратки црти – не сакате вашиот производител несовесно да сече дрвја за да направи палета со просечен квалитет што не може ни да се рециклира. Затоа, поставете ги тешките прашања уште на почетокот.
Одлучете се за меко дрво
Меките дрвја се зимзелени, како што се бор, кедар и смрека. Од друга страна, тврдите дрвја се даб, орев и јавор.
Тврдите дрвја растат многу бавно, па може да треба и до 150 години пред да бидат подготвени за сечње. Од друга страна, меките дрва растат брзо и можат да се сечат и за 40 години. Ова значи дека дрвјата што растат побрзо се полесни за набавка, поевтини и не придонесуваат толку кон уништувањето на шумите.
Ако ја имате можноста, побарајте од вашиот производител да направи дрвени палети од меко дрво наместо од тврдо.
Во Гама Дизајн ги користиме двата вида дрво во зависност од потребата, па вие може да побарате специфичен тип. Се разбира, проверете дали мекото дрво може да го издржи вашиот товар без да се оштети. И ако имате какви било прашања, контактирајте нè за да разговараме за вашите опции.
Рециклирајте ги вашите дрвени палети
Индустријата за дрвени палети веќе долги години зборува за рециклирање. Рециклирање на дрвени палети е процес на повторна употреба и пренамена на палетите кои повеќе не се соодветни за оригиналната употреба. Кога им давате нов живот на старите палети, може да го намалете отпадот и да ги зачувате природните ресурси.
EPAL нагласува дека „висококвалитетното“ рециклирање треба да се однесува на затворен циклус и пренамена. Имено, авторитетните тела треба да ги сметат за рециклирани и палетите претворени во деланки за производствени цели.
Заклучок
Кога комуницирате со производители кои одговорно набавуваат дрво, промовираат реупотреба и рециклирање и користат третмани кои не се штетни за животната средина, може значително да го минимизирате вашиот јаглероден отпечаток.
Додека колективно се стремиме кон поодржлива иднина, дрвените палети може да имаат уште поголема и повредна улога во глобалната логистика. А ние едвај чекаме тоа да се случи.