Без разлика дали ви треба еден палет или редовна испорака — одговараме во рок од 24 часа, со конкретна понуда и термин за испорака.
Од 2004 година во Струмица произведуваме палети, дрвени кутии и индустриска амбалажа според ISPM‑15. Партнер сме на над 500 компании во Македонија и регионот.
Изработуваме палети по мерка и еднократни палети, дрвени сандаци и кутии за индустриска и автомобилска амбалажа, земјоделски палети, како и дрвени елементи, греди и подметачи. Работиме и стандардни и целосно прилагодени решенија според вашите производи.
Да – тоа ни е специјалност. Дизајнираме димензии, материјал и носивост според вашата роба, од еднократни сандаци до серии за редовно снабдување.
Зависи од производот и количината, но брзината ни е силна страна – имаме капацитет, залиха на материјал, суровини и сопствен транспорт. За итни потреби, јавете се; за редовни партнери излегуваме во пресрет и со рок од само неколку дена.
Работиме и со мали и со големи серии. Немаме строг минимум – кажете ни што ви треба и ќе предложиме најдобра варијанта.
Да, 365 дена во годината. За разлика од сезонските, кај нас нема зимски застој – кога ви требаме, тука сме.
Да. Имаме сопствен транспорт за домашни испораки и редовно извезуваме. Нашата амбалажа е ISPM-15 сертифицирана, што значи дека патува низ границите без пречки.
ISPM-15 е меѓународен стандард за дрвена амбалажа наменета за извоз – дрвото се третира термички (HT) за да се спречат штетници. Без овој третман, стоката не смее да помине низ многу граници. Нашиот сертификат е MK000031.
Наједноставно е да побарате бесплатна анализа на тоа што ви треба – ќе погледнеме какви се производите и ќе предложиме решение. Потоа добивате понуда, без обврска.
Да. Покрај ISPM-15 третманот, обезбедуваме и придружна документација потребна за извоз, вклучително сертификати за потекло каде што е применливо.
Квалитетна дрвена граѓа од проверени извори. Дрвените трупци ги набавуваме од Македонски Шуми, кои имаат FSC сертификат (Forest Stewardship Council). Токму широката база на извори на дрво ни овозможува да држиме и квалитет и рокови дури и при големи количини.
Веќе сме доверлив партнер на компании од автомобилската, фармацевтската, металната и прехранбената индустрија, најголем број мултинационални фирми со висок стандард. Сите поголеми извозници се наши долгогодишни партнери.
Гама Дизајн е лидер компанија за производство и трговија на дрвени палети, боксови, транспортни сандуци, палетни страници и секаков вид дрвена амбалажа. Присутни во Македонија повеќе од 22 години!
Сабота 10:00 до 16:00
Copyright © 2026 Сите права се задржани. Изработено од Eon Marketing